489
Осумнаесет од повредените патници во автобусот што се преврте на пат после Велес спрема Скопје, се пренесени во скопските клиники, а осум се однесени во велешката болница, велат неофицијални извори од Министерството за внатрешни работи.
Со тоа бројот на повредени се зголемува на 26, но можно е и да се повеќе. Починати за сега нема, а сите повредени се вон животозагрозувачка состојба.
Според информации од МВР автобусот не бил со грчки регистарски таблички, туку со македонски. Наводно од Грција превезувал патници кои биле на летување во Пефкохори. Се уште трае увидот на јавниот обвинител кој ја утврдува причината за несреќата.