Центарот за управување со кризи информира дека има повеќе заглавени возила помеѓу двете патарини на угорнините на автопатот Велес-Скопје, а надлежните вршат расчистување.
Регионалниот ЦУК Велес, известува дека преку единствениот број за итни случаи Е-112 е добиена информација за повеќе заглавени возила помеѓу двете патарини на угорнините на дел од дестинацијата од автопатот Велес – Скопје.
За настанатата состојба се известени во јавните претпријатија за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта коишто веќе имаат возила на терен што вршат расчистување на наведениот патниот правец.
Од МВР известуваат дека на патниот правец Велес- Скопје, во атар на с.Катланово има превртено камион па поради тоа има голема колона на возила кои се движат на овој патен правец. Сообраќајот ќе се пренасочува Велес-Свети Николе-Скопје.