Претставници на ЕУ одбија да се сретнат со Помпео, откажана посетата на Европа

by Fokus

Американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, во последен момент го откажа патувањето за Европа откако шефот на луксембуршката дипломатија и високи претставници на ЕУ одбија да се состанат со него, јавија британските медиуми, повикувајќи се на дипломати запознати со ситуацијата.

Во соопштението на американскиот Стејт департмент претходно беше наведено дека патувањето е откажано поради ангажамнот на Помпео околу трансферот на власта пред инаугурацијата на Џо Бајден на претседателската функција, на 20 јануари.

Министерството за надворешни работи на Луксембург потврди дека посетата е откажана, додека институциите на ЕУ одбиваат да коментираат, пренесе Радио Слободна Европа.

Предвидено беше за време на посетата Помпео, на приватна вечера во Брисел, да се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Поврзани новости