Претставник на „Ериксон“, производител на опремата во УБК се очекува да дојде во земјава, по што ќе му се овозможи на тимот на Катица Јанева непречено да дојде до бараните податоци во истрагата што од вчера ја спроведува СЈО со претходно обезбедена судска наредба, дознава „Фокус“.
Митко Чавков, директор на бирото за јавна безбедност синоќа тврдеше дека само овластено лице може да пристапи до тој систем.
„Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, туку сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Постојат огромни ризици за системот и за севкупната безбедност ако нестручно се манипулира и ако дојде до прекин. Затоа сум присутен овде“, го образложи синоќа Митко Чавков, своето присуство во Управата за безбедност и контраразузнавање додека истражителите заедно со Катица Јанева се обидуваа да ја спроведат истрагата.