Уставниот суд ниту во понеделник нема да расправа за Законот за СЈО

by fokus

На сајтот на Уставниот суд денеска осамна дневниот ред за седницата закажана за 31 овој месец, понеделник, но меѓу иницијативите не се наоѓа и онаа за оценување на уставноста на Законот за СЈО.

Ова е последната седница на која ќе заседава судијката Елена Гошева, бидејќи од први наредниот месец на претседателското столче седнува новоизбраниот претседател Никола Ивановски. Ова значи дека Гошева избегна да решава за судбината на Специјалното јавно обвинителство и товарот му го препушта на наследникот Иваносвки.

Уставниот суд при оценување на уставноста на законот има можност да донесе два вида одлуки: една за укинување на целиот закон или за укинување на одреден член или членови од законот, и одлука за поништување на целиот закон или за поништување одреден член или членови од законот.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, на последната лидерска средба се договорија доколку Уставниот суд го укине СЈО, тие да го вратат во рок од пет дена, но тоа сега е оневозможено бидејќи Собранието е веќе распуштено. Токму затоа се инсистираше иницијативата да се разгледа пред распуштањето на Собранието, но Уставниот суд со месеци не ја ставаше иницијативата на дневен ред.

В.В.

 

Поврзани новости