619
Централното претседателство на Демократската унија за интеграција се очекува денеска да расправа за пораките што ги добил вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини.
На средбата, исто така ќе се дискутира и за последната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, но и за следните чекори на ДУИ.
Од ДУИ претходно соопштија дека Ахмети на средбата со Могерини, истакнал дека тој и партијата остануваат посветени на наоѓањето на политичко решение за излез од актуелната криза околу составувањето на нова влада.