Врховниот суд пресуди во корист на прераспоредените судии

by fokus

Врхвниот суд вчера, како што неофицијално дознава „Фокус“, уважил седум од вкупно осум поднесени приговори од судиите од Кривичниот суд, кои со Годишниот распоред на вд претседателката Татјана Михалова беа прераспределени во други оддели.

Врховните судии вчера одлучуваа на Општа седница, која започна во 14 часот, а траела по завршувањето на работното време. Од судот велат дека официјална информација ќе има во текот на денот.

Сега Михајлова ќе мора да прави нов распоред, бидејќи Врховниот суд не може да и наложи да ги врати судиите на старите работни места, бидејќи тоа е во надлежност на претседателот на судот.

Дел од прераспоредените судии пак се уште не поднеле приговор, бидејќи не го примиле распоредот. Откако ќе го добијат имаат рок од три дена за да поднесат приговор до Врховниот суд.

Со последниот распоред на вд претседателката Михајлова десетина судии беа прераспоредени, од кои поголемиот дел беа потпишани на петицијата против екс претседателот Владимир Панчевски, а дел носеа одлуки во „корист“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Поврзани новости