396
По повеќе од седум часовна дебата членовите на централното претседателство на ДУИ дале поддршка за верзијата на Закон за употреба на албанскиот јазик, известува ТВ 24. Според оваа телевизија ти ги овластиле преговарачите да ги допрецизираат незавршени делови во него со тимот на СДСМ.
Исто така, Централното претседателство на ДУИ го овластило лидерот на партијата да има мандат во секој момент да донесе одлука потписите на пратениците на ДУИ да ги депонира за поддршка на Зоран Заев, потврдуваат високи партиски функционери за ТВ 24.
Од ДУИ не сакале да откријат детали, што значи овластувањето за лидерот и кога може да се очекува Ахмети да ја донесе конечната одлука, особено по најавата дека состанокот на ЦП продолжува во петок.