Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.
Пендаровски во честитката посочи дека годинава Божиќ се празнува во време на голема неизвесност, страв и човечки страдања предизвикани од војни, кризи и социјални неправди, а предизвиците не ги одминуваат ниту македонските граѓани, особено најранливите меѓу нас.
Како заедница на верните, Црквата е повикана активно да учествува во обновата на надежта. Со солидарност кон ранливите, со заложби за социјална правда, со личен интегритет, со почит кон различните, Црквата и верниците можат да придонесат кон обновата на довербата и добрината во нашата заедничка македонска татковина. Нека Христовото раѓање биде поттик за секој од нас, да ја следиме Божиќната порака: „Мир на земјата, а меѓу луѓето добра волја“. Среќен Божиќ! Христос се роди!“, стои во честитката на претседателот Пендаровски.