(ВИДЕО) Срѓан Ного: Таткото на Вања имал станови вредни половина милион евра, не пиел, не се коцкал а дрога не користел 30 години

by Fokus

Контроверзниот српски политичар Срѓан Ного, во своето долго излагање на Јутјуб, тврди дека Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, имал три станови на свое име вредни половина милион евра.

Според него, парите од станот што мајката Зорица го продала пред две години, биле потрошени на патувања во странство а од нив купила и автомобил марка Мицубиши. Александар Ѓорчевски е син на имотни родители и пари од неговата поранешна сопруга не му требале, тврди Ного.

Ного тврди и дека Александар Ѓорчевски не се коцкал, никогаш не пиел алкохол и во последните 30 години не користел наркотици.

“Овие факти се лесно проверливи. Вистината е и дека причината за разводот не е ни дрога ни алкохол ни коцка. Разводот го барал Александар, а Зорица не сакала да се разведе. Тоа најдобро го потврдува изјавата што ја дала во полиција, дека Александар е идеален татко. Да бил Александар наркоман, алкохоличар и коцкар, сигурно родителите на Зорица не би му препишале имот на негово име, и тоа после разводот. Поранешните сопружници биле во исклучително коректни односи.

Српскиот политичар важи за промотор на руските интереси во регионот и е голем симпатизер на рускиот претседател, Владимир Путин. За пратеник во српскиот парламент е избран на изборите во 2016 година и таму останува до 2020 година. Во 2019 година бил исклучен од партијата, а до крајот на мандатот дејствувал како независен пратеник

 

Поврзани новости