Пријателска честитка на изборот за претседателка на проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова упати претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок. Во честитката на унгарскиот претседател стои:
„Честитки за Гордана Сиљановска-Давкова на изборот за нова претседателка на Македонија. Со задоволство очекувам да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.“
Congratulations to Gordana Siljanovska-Davkova on her election as the new President of the Republic of #NorthMacedonia. I look forward to our collaboration and to strenghtening our relations. 🇭🇺🇲🇰
— Dr. Tamás Sulyok (@DrTamasSulyok) May 9, 2024
Благодарност за честитката изрази професорката Гордана Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција. Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново:
„Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.“