Претседателот на ССМ, Димовски, се сретна со генералниот секретар на ЕКС, Висентини

by fokus

Лука Висентини, генералниот секретар во Европската конференција на синдикати, денеска одржа состанок со Претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

На средбата присуствуваа и Специјалниот советник на МКС, Јап Винен, Специјалниот советник на ЕКС, Јозев Нимиц и Раководител на секторот за човечки ресурси, Синеад Тиернен.

На состанокот, Висентини и советниците биле информирани за тековните активности на Сојузот на синдикатите на Македонија за донесување на нов Закон за работните односи, состојбата со Колективното преговарање и Социјалниот дијалог, активностите на ССМ за зголемување на минималната плата како и за активностите кои ги спроведуваат синдикатите здружени во ССМ за заштита и унапредување на работничките права.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, истакна дека соработката со Европската и Светската конфедерација на синдикати е од исклучителна важност за ССМ и ваквата поддршка е показател дека сме на правиот пат.

-Присуството на високите претставници на ИТУЦ и ЕТУЦ и поддршката во нашите заложби се од исклучително значење за сите синдикати, да истраеме во нашите активности за унапредување на работно правното законодавство. Силата на синдикатите е во нивната бројност, обученост, оспособеност, но и во нивната солидарност, поддршка и заедничко делување не само во сопствените држави туку и на глобален план, рече Димовски.

Претседателот, Димовски истакна дека само така здружени можеме да ја постигнеме нашата заедничка цел во  остварување и заштита на достоинството и човечките вредности.

Генералниот секретар на ЕКС, Лука Висентини искажа задоволство за можноста  да бидат во Скопје и да покажат солидарност на Синдикатите во Државата. Го поздрави социјалниот дијалогот кој е во тек, но во исто време препорача  да се задржат позитивните аспекти кои се дел од Законот и процесот да се искористи во насока да се зајакне социјалниот дијалог, да се унапреди процесот на колективно договарање и да се пополнат празнините кои се уште постојат во Законот за работните осноси со Европските директиви и Конвенциите на МОТ.

Поврзани новости