СДСМ: Дебаклот на Мицкоски не може да се испере со бледи изјави

by Fokus

Дебаклот не може да се испере со бледи изјави и соопштенија, наместо да се крие, Мицкоски да одговори кого лаже!?, реагираат од СДСМ.

„Ниту едно бледо соопштение, ниту една провидна прес конференција, ниту едно доаѓање на портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на СДСМ – не можат да го покријат дебаклот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски.

Наместо да се крие зад партиски соопштение и зад изјави на портпароли, Мицкоски нека се охрабри и нека излезе да одговори и да каже кого лаже, домашната јавност дека Договорот со Бугарија е капитулантски или бугарскиот премиер Борисов на кого му порача дека го поддржува Договорот?

Се додека кукавички се крие зад параванот на лажните вести и стравот од извесен убедлив пораз на претстојните предвремени парламентарни избори, остануваат јасни најмалку 5 факти од самитот на ЕПП во Загреб:

1) Додека дома Мицксоки вели дека не го признава уставното име на државата,нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Македонија

2) Во Резолуција од загрепскиот самит на ЕПП, се констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка – што е уште еден врел шамар за Мицкоски.

3) Мицкоски го прифати Договорот со соседна Бугарија на средба со премиерот Борисов „без дилеми“.

4) Синoним за лажна вест и лажен патриот е самиот Христијан Мицкоски, чиракот на Никола Груевски од Будимпешта.

5) За дебакалот и поразот на неговиот лажен патриотизам Мицкоски вината да си ја побара кај себе.

Граѓаните не сакаат лицемерни политичари без став, затоа Мицкоски нема никакви шанси на изборите на 12 април на кои ќе доживее убедлив пораз“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости