„Претседателот на Собранието е терорист, нека оди во планина“, „Мислат дека сме дебили, но ние сме горд народ“, извикуваат демонстрантите

by fokus

Оставки бараат демонстрантите кои се собраа пред Собранието на протест против уставни измени и промена на името. Се уште е мал бројот на присутните иако протестот беше закажано дека ќе почне во 10.00 часот.

-Претседателот на Собранието е терорист. Нека оди во планина. Таму му е местото – извикуваат насобраните.

-Надвор од Собранието – им порачуваа на пратениците.

Дел од нив, пак, сакаат да ја смират атмосферата за протестот да биде мирен.

-Да нема недолично однесување. Треба да го изразиме нашиот став мирно. Нема да прифатиме никаква одговорност за никакви испади и ќе се отстранат од ова место. Нашиот отпор е антивоен, ненасилен и мирољубив, против штетните политики на државата – упатил апел Ана Бобинкова од Здружението на граѓани „Преродба“, кое стои зад протестот.

Во изјава за новинарите, демонастрантите велат дека се против Договорот со Грција и им порачаа на пратениците да не го отвораат Уставот.

-Нема пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат измените. Овој договор е капитулација и е банкрот. Нашето име е историско и не е привилегија на некој. Не е државатао фирма која ќе го промени името. Мислат дека сме дебили, но ние сме горд народ – рече Славе Дамјановски.

-Сите пратеници да бидат херои на македонскиот народ, не можат да работат незаконски. Се надевам дека совест ќе проработи кај некој од СДСМ. Да не бидат прадевници – Слободан Анастасовски.

 

Поврзани новости