На барање на Груевски одложено рочиштето за „ТНТ“ за да присуствува на седницата во Собрание

by fokus

Судењето за предметот ТНТ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 25 октомври откако Судот го уважи барањето на обвинетиот Никола Груевски да присуствува на седницата во Собранието на Република Македонија на која на дневен ред е предлогот за пристапување кон уставни измени.

Пред почетокот на денешното рочиште, Груевски од Судот побара да му биде дозволено како пратеник да присуствува на седница во Собранието. Рече дека досега не се повикал на пратеничката функција, но смета дека денешната седница закажана во 11 часот е важна и треба да присуствува.

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, рече дека доколку Обвинителството нема против, судот може да го одложи денешното рочиште за 25 октомври.  Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми не кажа ништо против предлогот.

На денешното рочиште требаше да бидат изнесени материјални докази за предметот за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

Во судница беа присутни сите обвинети, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешнот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинеијата на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Цановски.

Поврзани новости