Претседателот на Си Ен Ен поднесе оставка

by Fokus

Претседателот на американската медиумска куќа Си Ен Ен, Џеф Закер денеска соопшти дека поднел оставка, која веднаш стапува во сила.

Тој како причина наведе дека не сакал да открие кога започнал љубовна врска со своја најблиска соработничка, што било побарано од него во рамки на истрагата за Крис Куомо, братот на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, кој работел во Си Ен Ен.

Закер изјави дека во текот на истрагата било откриено дека бил во врска со најблиската соработничка, како што опишал: „со некој со кој соработувате 20 години“.

– Потврдив дека врската траеше во претходните години. Ме прашаа да откријам кога започна врската, но јас не го направив тоа. Погрешив. Поради тоа, сега поднесувам оставка, истакна Закер.

Тој во изјавата не го наведе името на колешката, но во текстот се открива дека станува збор за Алисон Голуст, шефицата за маркетинг во медиумската куќа, која ќе остане да работи во Си Ен Ен.

Поврзани новости