Претседателот на италијанската Серија А позитивен на корона вирус

by Fokus

Претседателот на италијанската Серија А, Паоло Дал Пино e позитивен на корона вирус, пренесува „Фудбал Италија“.

Дал Пино е во изолација дома и ќе ги следи процедурите наведени во медицинскиот протокол за да се спротивстави на ширењето на КОВИД-19.

Забележано е дека 58-годишниот функционер нема симптоми на инфекција.

Претходно, Серија А одби да го одложи неделниот натпревар Јувентус – Наполи и поведе постапка против гостите од Неапол кои не допатуваа во Торино, откако во нивните редови се појавиja два случаи на заразени играчи

Поврзани новости