Првпат денеска ЕК ќе обезбеди превод на македонски јазик на прес-конференција

by Fokus

Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по првпат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ќе ги презентира извештаите на прес конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути.

Како што информираше Европската Комисија, оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик.

Ова е прв пат Европската Комисија да обезбеди превод во други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес конференција.

Поврзани новости