756
Љупчо Алексовски, претседател на ФРОДЕМ, претходно член на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната Топ Тема призна дека по партиска наредба лобирал за избор на судии.
-Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ од основањето. Кога зборуваме за судството занете дека таму има внатресудски избори. Многу пати сум имал насоки од партијата да делувам во судови, одредени судии да гласаат за човек да стане член на судски совет. Еве сега, прва прилика јавно кажувам. Сум лобиирал под одредени ингеренции на партијата, што е спротивно на сите правни норми, вели Алексовски.