Фити: „Рекет“ ѝ нанесе штета на власта, аферите треба брзо да се расчистуваат

by fokus 22:15
22:15

Доколку не ги разбиете елитите кои се склучени од порано, години наназад, не можете да направите реформи, како во економските институции така и во правосудните. Затоа има неефикасност во судството кое предизвикува разочарување, вели универзитетскиот професор и претседател на МАНУ, Таки Фити.

Според професорот Фити, актуелните судски предмети треба да се разрешат што побрзо бидејќи спротивно на тоа им се дава изоговор на државите да блокираат во интеграциите кон Европската унија.

- Advertising -
"

-Случајот „Рекет“ нанесе штета на оваа власт. Во прашање е Специјална јавна обвинителка, една личност која треба да зрачи со мотивација за радикални реформи реформи во судството, влегла во корупција и криминал. Тоа треба брзо да се расчисти, тоа ни го препорачуваат и од надвор. Законот за ЈО, „Рекет“ и други афери од порано треба брзо да се разрешуваат, вели Фити.

Поврзани новости