335
Претседателот на Светската куќа на фудбалот, Сеп Блатер, денеска на пресконференција во Цирих соопшти дека дава оставка од функцијата. Тој пред четири дена на гласањето на конгресот на ФИФА беше реизбран на позицијата и го освои петтиот мандант по ред.
-ФИФА беше мојот живот. Ќе организирам конгрес за моја замена за претседател. Нема да се кандидирам, изјави Блатер.
Тој како причина за оставката го наведе тоа што неговиот мандат не бил поддржан од сите членови на Конгресот на ФИФА. Сепак, неговото повлекување следува откако два дена пред Блатер да биде реизбран за претседател, седум високи функционери на ФИФА беа уапсени во Цирих под сомнение за примање мито.
Откако соопшти дека си поднесува оставка, одби да одговара на новинарски прашања.