398
Претседателот на Европскиот синдикат за образование Мартин Ромер денеска пристигнува во Македонија поради штрајкот на СОНК и игнорантскиот однос од страна на власта.
Членовите на синдикатот се во штрајк веќе втора недела, а Министерството за образование и Владата цело време ги игнорираат. Ромер ќе се сретне со шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав, а не е познато дали министерот за образование Абдулаќим Адеми ќе го прими на средба.