Дел од професорите во Тетово го бојкотираат екстерното тестирање

by Fokus

Дел од професорите од средните училишта во Тетово го бојкотираат екстерното тестирање за матурантите. Во тетовската гимназија полагаат македонските паралелки, а екстерното не полагаат албанските паралелки.

Во текстилното и во средното економско училиште во Тетово, и покрај штрајкот, делумно било реализирано екстерното тестирање. И во Гостивар бојкотот е засилен.И економското училиште во Битола од денеска се приклучува кон штрајкот на СОНК.

Просветарите веќе втора недела штрајкуваат, а во меѓувреме се соочуваат со засилени закани и притисоци. Во посета на Македонија е претседателот на Европскиот синдикат за образование Мартин Ромер кој доаѓа поради штрајкот на СОНК и игнорантскиот однос од страна на власта.

Поврзани новости