463
Претседателот на Европската народна партија, ЕПП, Жозеф Дол, ја повика опозицијата во Македонија на одговорност пред гласањето во Собрание.
– Клучни одлуки треба да се донесат во ПЈРМ кои ќе ја одредат иднината на идните генерации. Опозоцијата има голема одговорност за патот на земјата кон ЕУ и НАТО и треба да биде конструктивна во демократскиот процес, напишавечерва Дол на Твитер.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е членка на Европската народна партија, но повеќе челници на ЕПП, вклучително и претседателот, изразија разочараност од однесувањето на нивната сестринска партија во процесот на имплементација на Преспанскиот договор.