ОМД тврди дека Бејли врши притисок врз пратениците, бараат нивно повлекување

by fokus

Стејт Департментот погрешно ги интерпретира резултатите од референдумот оддржан на 30 Септември како успешни, велат од Обединетата Македонска Дијаспора во соопштение на јавноста каде реагираат дека мешањето на САД, како што велат, во внатрешните работи на Македонија, е контрапродуктивно.

„Државната Изборна Комисија (ДИК) на Македонија го прогласи референдумот правно неважечки поради незадоволениот услов за исполнување на клучните 50% излезеност дефинирани во Уставот. ОМД се спротивставува и на актуелното писмо од страна на Помошник Секретарот за Европски и Евроазиски Прашања Вес Мичел упатено до лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, кое дава впечаток на партиска фаворизација во Македонија. Ова писмо, заедно со изјавата на Заменик Претседателот Пенц, изразуваат поддршка кон уставните промени на Македонија, се значителни и вознемирувачки пример на несоодветно мешање на САД во домашната политика на Македонија.

Од дијаспората исто така изразуваат загриженост затоа што, како што велат, американскиот амбасадор Џес Бејли се меша во секојдневниот живот на Македонците. Од таму тврдат дека Бејли врши притисок на пратениците да гласаат за уставни промени и бараат итно повлекување од неговата функција во Македонија.

„Ваквите акции го нарушија имиџот на САД во Македонија, региониот и ја намалија македонската поддршка за влез во НАТО и во ЕУ. ОМД ги поддржува државјаните на САД кои бараат истраги за однесувањето на амбасадорот Бејли, вклучително и во соодветна употреба на американските даночни долари за да ги поттикнат Македонците да поддржат еден исход над друг. Очекувањата од Македонија да спроведе уставни промени е спротивно од клучните принципи на администрацијата на Претседателот Трамп, за немешање во внатрешните политики на суверените нации. Напорите на САД за вршење на притисок врз Македонија за промена на уставното име на земјата, како би ги задоволила барањата на Грција, според ОМД се контрапродуктивни и несоодветни. Пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ не смее да биде предмет за промена на уставното име на земјата. Наместо тоа, САД треба да и помогнe на Македонија во исполнувањето на критериумите за членство, што бара структурни реформи, владеење на правото и стабилни владини институции“, додаваат од таму.

Обединетата Македонска Дијаспора го завршува соопштението со надеж дека, како што велат, поддршката на САД на Преспанскиот договор ја поткопува демократијата во Македонија и ќе доведе до уште поголема нестабилност во регионот.

Поврзани новости