Претседателот на ЕП на средба со Заев, Пендаровски и Џафери

by fokus

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, денеска ќе престојува во Македонија, што е неговата прва официјална посета надвор од Европската Унија.

Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

На почетокот на посетата, Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.

Од Делегацијата на ЕУ информираат дека поранешниот ЕУ Инфо Центар прерасна во Јуроп Хаус што ќе функционира како центар за млади и ќе нуди содржини кои се современи, привлечни и иновативни за младите. Јуроп Хаус ќе функционира како платформа која ќе биде отворена за сите млади од сите сфери на животот за да ги поврзува со други лица и можности и да разменат идеи за да развијат потенцијал. На дебатата со претседателот Сасоли ќе учествуваат ученици од Берово, Центар Жупа, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Скопје, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Виница.

Поврзани новости