461
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на 28 декември во 12 часот од Собранието ќе го има годишното обраќање.
Првиот човек на државата веќе го испратил своето барање до Собранието.
Ова ќе биде последно годишно обраќање на Иванов како претседател на државата. Неговиот мандат истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на крајот на јануари или почетокот на февруари.