Неподвижен дедо изгоре во својот дом во Сопиште

by fokus

70-годишен скопјанец почина вчера во пожарот што ја опфатил неговата куќа во Сопиште. Како што информираа од полицијата околу 20.20 часот вчера на улица „1“ во скопското село Сопиште, избил пожат во куќата при што опожарени биле две соби. Во една од собите било пронајдено телото безживотното тело на П.С.(70) кој подолг период бил неподвижен.

„Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден“, велат од МВР.

Поврзани новости