Претседателот Иванов: Граѓаните да останат смирени

by Фокус 19:50
19:50

По завршувањето на состанокот на Советот за безбедност, во кој учествуваа сите лидери на политичките партии, освен на ДУИ и ДПА, кои имаа претставници, претседателот Ѓорѓе Иванов побара смиреност на граѓаните вој критичен момент за државата, изразувајќи жалење за осумината загинати припадници на специјалните единици во Куманово.

-Сплотени сме во вакви моменти со лидерите на политичките партии, бидејќи безбедноста на државата секогаш била над се, a лидерите на политичките партии да се однесуваат поодговорно, порача шефот на државата, кој ги повика сите граѓани да останат смирени после овој критичен момент за државата.

- Advertisements -

Иванов вели дека за вакви ситуации предупредувал многу порано во своите обраќања и ја повика меѓународната заедница, ЕУ и НАТО да изнајдат решенија за деблокада за членство на Македонија, бидејќи ваквата состојба е ризична, како за земјата, така и за регионот.

Kај претседателот Ѓорѓе Иванов на состанокот на Советот за безбедност беа присутни премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерката Гордана Јанкулоска, министерот за надворешни Никола Поповски, лидерот на СДСМ Зоран Заев, додека лидерите на ДУИ и ДПА испратија претсавници, односно на состанокот присуствуваа Талат Џафери и Имер Aлиу.

Присутни беа и членовите на Советот за безбедност Вели Краци, Флора Кадриу и Насер Сејдини.

 

Поврзани новости