Ахмети и Тачи не се појавија на состанокот на Советот за безбедност

by Фокус 18:55
18:55

Состанокот на Советот за безбедност почна со минунта молчење, во чест на загинатите полицајци.
Средбата е свикана во поширок состав, односно, освен членовите на Советот, поканети беа и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, но освен Зоран ЗаевАли Ахмети и Мендух Тачи не се појавија, а преставник на ДУИ е Талат Џафери, а на ДПА, претеникот Имер Алиу.

На седницата на Советот за безбедност, покрај претседателот Ѓорге Иванов, учествуваат премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и членовите на Советот, Флора Кадриу, Насер Сејдини и Вели Креци.

- Advertisements -

Најавено е по состанокот претседателот Иванов да се обрати до нацијата.

Поврзани новости