Претседателот предлага Владата да се откаже од преговори, ако се појават нови барања

by fokus

Овој предлог со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, затоа што за македонскиот јазик има чиста формулација, вели претседателот Стево Пендаровски за францускиот предлог по седницата ан Советот за безбедност.

На седницата на Советот на безбедност чиј член е и премиерот Димитар Ковачевски, шефот на државата побарал Владата, доколку го прифати предлогот, да донесе и заклучоци дека ако се појават дополните барања, ќе се откажеме од идејата за членство во ЕУ.

-Очекувам откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам заклучоци на Влада кои во случај да го прифатат овој предлог, би морало да има реченица плус, дека од денот кога ќе ги отвориме преговорите до денот кога ќе ги завршиме, ако има дополнителни обиди од бугарските или која било страна повторно да се споменуваат прашањата за македонски јазик, идентитет и историја, не треба да чекаме некој да не блокира, туку сами треба да излеземе, рече тој.

Тој изрази уверување дека во неговите разговори со високи европски и светски претставници нема добиено впечаток дека сакаат да го разнебитат макеоднскиот народ и држава.

Со францускиот предлог, рече Пендарвски, историјата не е услов и има само една една реченица и во предлогот и во протоколите. Има сугестија почесто да се среќаваат историчарите.

– Убеден сум дека не сме можеле да постигнеме повеќе од позиција на кандидат на членство, рече по завршувањето на седницата на Советот за безбедност шефот на државата, појаснувајќи ги неговите ставови во однос на модифицираниот француски предлог.

Поврзани новости