Претседателката на Уставен суд тврди дека нема притисоци

by Фокус

Одлуките се носат со мнозинство гласови од судиите, а тие одлучуваат по сопствено убедување, тврди претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева. Таа не сакаше да ги коментира разговорите кои ги објавува СДСМ, а во кои се споменува нарачување на судски одлуки од страна на власта.

Мината година, Уставниот суд ја отфрли иницијативата на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, за преиспитување на одлуката на Советот за неколку донесени ДУП-ови. Опозицијата вчера обвини дека премиерот Груевски лично интервенирал за ваков исход.

Од 173 поднесени иницијативи до Уставниот суд изминатава година, 98 се однесувале за оспорени закони. Од нив 11 се укинати, а за 63 не е поведенa постапкa. За 14 предмети, Судот се прогласил за ненадлежен.

 

Поврзани новости