ВМРО-ДПМНЕ: Се јави спасителот во ликот на Бранко Црвенковски

by Фокус

-По самопрогласувањето на Заев за Божји гласник, денес после долг период повторно имавме можност да се јави спасителот во ликот на Бранко Црвенковски, очекувајќи целата јавност да се стресе и возбуди од неговиот проглас и да му заборави за сето зло што го има направено врз граѓаните и државата, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното писмо во кое Црвенковски му изрази поддршка на Зоран Заев.

Од владејачката партија велат дека „народот не го заборава сето зло што Црвенковски го има направено врз граѓаните и државата, не ја заборава мрачната и болна приватизација во која се раскрчмија над 460 фирми и земјоделски комбинати и беа избркани од работа 200.000 работници, шверцот со нафта цигари и бакар…“

-Сакаме да му порачаме дека ова не се 90-тите и дека нема да дозволиме Македонија повторно да биде заложник на неговите ниски страсти. Нема да дозволиме да го загрози развојот, реализацијата на над 2000 проекти и отворањето на новите фабрики и работни места, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости