693
Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на Скопскиот аеродром.
На церемонијата, покрај високи државни функционери, присуствуваат и високи претставници од соседните земји, меѓу кои и претседателката на Косово, Вјоса Османи, министерот за внатрешни работи на Албанија, Бленди Чучи, претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола и други.
Се очекува денеска 45-те мртви тела да им бидат предадени на нивните семејства, а денеска се очекува и нивното погребување.