485
Претседателот на советот на општината може да свика и да раководи со седница на советот и со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).
Ова го предвидува Уредба за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа, која ја донесе владата на денешната седница.
Покрај тоа, владата донесе низа други уредби и ги прифати две донации, една од Турција а друга од домашна ИТ компанија.