401
На гласачките места бр.1280 и 1281/1 на улица „Марко Цепенков“ во Охрид денес во 15.30 часот биле забележани две лица како неовластено фотографираат гласачи, по што полицијата извршила разговор со Б.Л.(41) со живеалиште во Австралија.
Во Полициската станица Свети Николе, пак, било пријавено дека меѓу 08.00 и 09.00 часот во село Лозово, пред штаб на политичка партија, претседателот на партискиот општински комитет Б.Ц. го запрел и фотографирал лицето С.З. кое одело на гласање.
Во 15.20 часот, Х.Б. пријавил дека на гласачко место број 2593 во средното училиште „Лазар Таневски“ од страна на лицето А.А., домашен набљудувач, била фотографирана И.Ѓ.