Претрес во Свети Николе: Приведени петмина, пронајдена дрога

by Fokus

Приведени пет лица од Свети Николе кај кои била најдена дрога.

На 14.11.2023 во Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе ги лишиле од слобода С.Н.(37), Н.Т., С.А., Д.А. и Ј.Н., сите од Свети Николе.

При претрес во домот на С.Н, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, Н.Т. бил забележан како излегува од домот на С.Н. и при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, а останатите лица биле затекнати во домот.

Лицата се приведени во Полициска станица Свети Николе и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости