„Југословените“ во Србија бараат да им се признае правото на нацијата

by Fokus

Народното движење Југословени соопшти дека ја доставило иницијативата до надлежните институции во Србија за признавање на статусот на нацијата на Југословените.

„Југословените не бараат ништо повеќе или помалку од она што го имаат сите други – да бидат Југословени, со сите нивни маани и доблести. За нашата земја, Република Србија, навистина да биде земја која се грижи за своето наследство, ние Југословените мора да бидеме признати како национално малцинство“, се вели во соопштението.

Тие додаваат дека, иако Југославија повеќе не постои, припадниците на југословенскиот народ се носители на сеќавањето на постоењето и на државата која „гордо го носеше името на Југославија, така и на народот што исто така гордо го носеше името на Југословените. ”

Тие велат дека не се „само носталгични“ за поранешната држава, туку се народ кој во себе ги сублимира сите карактеристики, и етнички и други фенотипски карактеристики на сите народи и националности кои живееле во Југославија и ги создале нејзините традиции, култура и особености „на кои толку се гордеат“.

„Во секој Југословен чука срцето на Србин, Хрват, Црногорец, Македонец, Словенец, Босанец и никого не гледаме низ националистички, шовинистички или какви било призми на општествени поделби, туку како интегративни делови на една, југословенска, но и државна целина“, се вели во соопштението.

Поврзани новости