659
Полициски службеници вчера лишиле од слобода кичевец, откако во неговиот дом биле пронајдени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62 мм, соопшти денеска МВР.
– Вчера во 11:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Б.(72) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62мм, се наведува во соопштението од Министерството.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.