760
Денеска, по налог на скопското јавното обвинителство, припадници на МВР извршиле претрес во домот на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот ,,Доказ”, поради сомнеж дека е сторител на кривични дела.
Засега нема детали за акцијата, но како што дознаваме против Стаменковски имало голем број на поплаки и пријави поради објава на текстови со клеветничка и навредлива содржина.
Претресот е по барање на скопското јавно обвинителство, а со наредба од Кривичниот суд.