368
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 9 до 16 степени, а максималните од 21 до 30 степени целзиусови.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.