Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во првиот дел од денот и во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер. Дневните температури ќе се движат од 30 до 37 Целзиусови степени.