Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје и во околината се очекува сончево време со умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени. Во Маврово се очекува температура до 16 степени, во Охрид 21, во Битола 22, во Крива Паланка 23, во Берово 21, во Кавадарци 26, додека во Дојран 28 степени Целзиусови.
Утре претпладне ќе има сончево време со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.