Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

by Fokus

Претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи минималните температури ќе се движат од 8 до 13 степени, а максималните од 18 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Поврзани новости