Фото: Претходната власт потрошила 600.000 евра за Медицински тренинг центар, кој во моментот не се користи

by Fokus

За изградба на Медицинскиот симулациски центар се потрошени 600.000 евра, а во моментот тој тренинг центар, кој служи за полагање на студентски испит за втора година воопшто не се користи дознава „Фокус“.

Според нашите информации, за изградба на овој тренинг центар од Лекарската комора се дадени 240 илјади евра,  од скопскиот Медицински центар се дадени 120.000 евра, додека од Министерството за здравство се дадени уште 120.000 евра. Нашите извори тврдат дека Лекарската комора враќа по 5.000 евра кредит секој месец за да ги исплати средствата дадени за симулацискиот центар.

„Фокус“ претходно ги објави финансиските извештаи од првите три години на поранешеното раководство во кои може да се забележи дека лекарското здружение има повеќе од 730.000 евра расходи на годишно ниво. За изградба на Медицински симулациски центар биле потрошени 240 илјади евра, потоа за лицата кои се на договор на дело се плаќало околу 40.000 евра, а тука се и трошоците за гласилото на Лекарската комора Vox medici кое излегува на секои три месеци, за што се трошат 30.613 евра на годишно ниво, додека, пак, за надомест за членови на комората само во 2014 година се потрошени 63.711 евра.

Исто така, од сметката на Лекарската комора се трошат пари за канцелариски материјал, тонери, касети, дискети, бензин, дневен печат и стручна литература, стручни советувања, репрезентација…

Ирена МУЛАЧКА

Поврзани новости