Инспекторатот одлучи: Нема да има рефрендуми на ист ден со локалните избори

by Fokus

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на локалните избори, 15 октомври, и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.

Државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу истакна дека досега решение е донесено за 12 општини кои доставиле до Инспекторатот.

– На 20 септември Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес. Уште шест општини донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров, рече Муслиу.

Според него, одлуката ќе биде објавена во Службен весник,  а во наредните три дена и на веб страницата на Министерството за локална самоуправа.

Поврзани новости