659
Вицепремиерот Кочо Анѓушев во вечерашното гостување на Топ тема најави дека оние вработени во админстрацијата кои земаат плата без да доаѓаат на работа, ќе бидат пратени на преедукација во приватниот сектор со цел да бидат вработени.
-Сите вработени во администрацијата кои не можат таму да најдат употребна вредност, ќе им дадеме преедукација и ќе ги испратиме шест месеци во компаниите. И онака ние ги плаќаме, рече вицепремиерот.
Тој рече дека новата Влада нема никого да отпушти.