343
Татко и син од Тетово синока по полноќ биле претепани во угостителски објект на ул. „Ј.Сандански“ во Тетово. Според информации од полицијата тетовчанецот С.С. и неговиот брат Ѓ.С. како и уште едно лице од Тетово, ги нападнале и претепале 42-годишниот Л.Т. и неговиот син Б.Т.
Ги удирале со тупаници и клоци по главата и телото, а искршиле чаши и шишиња од неколку маси. Откако забележале дека сопственикот на објектот побарал полициска интервенција, сторителите побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.