Претепан Бранко Синадиновски, основачот на Верската заедница на православни Албанци

by fokus

Бранко Синадиновски, основачот на Верската заедница на православните Албанци во Македонија е нападнат денеска на пладне. Алсат М дознава дека Синадиновски е нападнат физички од две непознати лица. Случајот е пријавен во полиција, која го истражува мотивот.

Како што дознава Алсат М, Синадиновски е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Тој стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија.

Поврзани новости