415
Екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова на денешно судско рочиште за нарачаните шамари за поранешниот градоначалник Андреј Жерновски се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Јанакиески рече дека ниту сторил нешто, ниту се чувствува виновен.
Единствено, Томислав Лазаров советник во тој период призна дека се чувствува виновен и дека од оваа временска дистанца се кае за направеното.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи бара за советникот кој признал вина да се издвои постапката.
Судијката Татјана Михајлова, пак одлучи да се раздвои постапката за Лазаров и да му се суди посебно.